11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

МОН ја поддржува кампањата „И родителството се учи“

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска присуствуваше на отпочнувањето на новата кампања „И родителството се учи“, посветена на подигнување на свеста за важноста на придонесот на родителите, односно старателите и начинот на кој ќе придонесат во градењето на децата како возрасни индивидуи, кои потоа треба да ги преземат сите нивни општествени и семејни улоги и тоа да го сторат на најдобар можен начин.

,,Мило ми е што во оваа кампања која се реализира во рамки на еден крупен регионален проект финансиран од ЕУ, вклучени сме повеќе институции на системот, како и големите странски партнери, пријатели и подджувачи на нашата земја, а тоа се Европската унија кон чии вредности и стандарди во сите области се стремине да ги достигнеме и следиме и УНИЦЕФ, како организација на Обединетите нации која се грижи за обезбедување глобална поддршка за заштита на правата на децата и нивно безгрижно детство, раст и развој, рече Адеми, напоменувајќи дека сплотеноста и соработката значи дека ефектот ќе биде максимален.

Министерството за образование и наука, додаде Адеми, заедно со училиштата како и досега, така и понатаму ќе продолжи да обезбедува поддршка на сите родители и старатели кои имаа потреба од стручна поддршка, совети и советодавни предавања во насока на подобрување на своето родителско однесување, а со крајна цел подобрување на однесувањето на нивното или нивните деца, кои во одредени периоди за време на училишниот престој покажувале или покажуваат извесни форми на несоодветно однесување за нивната возраст, драстично го намалиле просечниот успех во учењето или пак, неоправдано отсуствуваат од наставата.

,,Добро е познат фактот дека однесувањата и постапките на детето на улица и на училиште, најчесто се рефлексија на случувањата и во домот и однесувањето на членовите на семејството@, истакна министерот за образование и наука.

Во оваа прилика, додаде Адеми, сакам да напоменам дека соработката на училиштата со родителите и старателите, дополнително ќе биде зајакната и преку нови правни решенија, кои ќе бидат интегрирани во новиот Закон за основно образование кој е во фаза на подготовка.

,,Имено, предлог законот предвидува усвојување и примена на Програми за соработка со родителите и старателите, кои ќе бидат поопширни од постојните наменети за нивно советување, а ќе бидат засновани на принципите на меѓусебно разбирање, почитување и доверба. Овие програми овозможуваат детално информирање на родителите за текот на сите активности во училиштата, заради унапредување на квалитетот на образованието и воспитувањето, како и обезбедување на сеопфатност и трајност на воспитно – образовното влијание”, рече Адеми, додавајќи дека крајниот ефект е поголема вклученост на родителите во воспитно – образовниот процес на своите деца и секако подобри резултати во рамки на истиот, кои ќе се согледаат преку созревањето на младите и нивно градење во среќни и успешни индивидуи.

Спонзорирано: