21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР презема активности за расчистување на инцидентите со навивачите во Тетово

Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово денеска оствари средба со надлежните во Основното јавно обвинителство Тетово за целосно расчистување на случаите од викендов во кои непосредно биле инволвирани членови на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ од Тетово.

„На средбата се координирани активностите за конкретно квалификување на настаните, динамиката и следните чекори, со цел нивно комплетно расветлување и финално заокружување со изготвување на соодветни поднесоци против инволвираните лица“, велат од МВР.

Претходно Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го осуди инцидентот во Тетово.

,,На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември се слушаат песни и извици во кои е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости”, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Спонзорирано: