17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Бадијала фрлате куп храна – еве што навистина значи ознаката „Најдобро да се употреби до“

Голем број потрошувачи не прават разлика меѓу ознаките „Најдобро да се употреби до“ и „Употребливо до“, поради што секоја година во ѓубре завршува повеќе храна отколку што би требало.

Се проценува дека во Европска унија се фрлаат 89 милиони тони прехрамбени производи годишно кои може да се употребуваат.

„Најдобро да се употреби до…“

– Со оваа ознака произведувачите го означуваат датумот до кога храната го задржува својот очекуван квалитет, но храната и натаму е безбедна за користење, доколку се почитуваат упатствата за складирање и доколку пакувањето не е оштетено, вели за Блиц Едина Попов, претседателка на Асоцијацијата на потрошувачи на Србија.

По наведениот датум, храната може да почне да го губи вкусот и текстурата. На тој начин се означени разладени, смрзнати, сушени производи и конзервирани намирници.

„Употребливо до…“

Овие зборови го означуваат датумот до кој храната може безбедно да се користи.

– Обично се работи за храна која е брзо расиплива и која по кратко време може да претставува непосредна опасност за здравите луѓе.

Спонзорирано: