16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Јанушев и Димовски ја потврдуваат спрегата на антизападниот Мицкоски со Груевски и Јанакиески

Шемите на антизападниот Христијан Мицкоски со неговиот ментор и носител на криминалот, Никола Груевски излегоа на виделина. Антизападниот пион Мицкоски, додека бил советник на Груевски, преку неговата „Енрготек ДОО Скопје“ добил согласност за користење вода и закуп на државно земјиште за изградба на хидроцентрали, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Во шемите преку оваа компанија е вклучен и Димитар Димовски, актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и десна рака на некогашниот министер за транпорт и врски Миле Јанакиески. Некогашната пак лева рака на Миле Јанакиевски, Игор Јанушев, е Генерален секретар на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот Игор Јанушев кој е осомничен во истрага на Специјалното јавно обвинителство, за набавка на автобуси, како што е јавно соопштено, со што е нанесена штета на буџетот на РМ во износ од 5 милиони евра“, рече Костадинов.

Тоа е истиот Игор Јанушев, додаде тој, познат од политичките бомби кај кого Миле Јанакиески телефонски препраќа поранешни началници од МВР, за да се изработат лични карти, за изборите во Струмица.

„Тоа е истиот Игор Јанушев кој како директор на ЈСП на крајно сомнителен начин изнајмувал автобуси за митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. Димитар Димовски и Игор Јанушев, десната и левата рака на Миле Јанакиески, еден од најблиските соработници на Никола Груевски се очигледно најблиските соработници и на антизападниот пион Христијан Мицкоски“, рече тој.

Спонзорирано: