9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мистериозна смрт ја запрепасти Македонија: Радовишанец пронајден мртов, претходниот ден ја нападнал поранешната девојка со секира

Четириесет годишен маж во Радовиш бил пронајден мртов, откако ден претходно ја нападнал поранешната девојка со секира, соопшти полицијата.

Телото на Х.Ш било пронајдено вчера во селото Раклиш, радовишко на место викано „Мршин Дол“, во „Мантово“. По извршен преглед кај истиот била констатирана смрт.

МВР соопштува дека ден претходно 63-годишната И.Д. со која мажот порано живеел во вонбрачна заедница завршила во болница со повреди, поради тоа што Х.Ш. дошол во нејзината куќа и ја нападнал со секира.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настаните.