14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се апси низ Куманово – засега десетина лица се приведени и однесени во полициска станица за убиството што ја потресе Македонија

Деветмина се приведени по вооружената престрелка во Куманово. Од обвинителството информираат дека е пронајдено оружјето од кое е пукано, како и чаурите, кои се предадени на вештачење.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршиле увид на местото на настанот во Куманово кадешто вчера попладнето се случи вооружена престрелка меѓу две семејства.

,,Престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања и повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни повреди била веќе предмет на постапување на органите на прогонот.

Синоќа околу 18:30 часот припадници на едно од семејствата се движеле по улицата Тоде Мендол во близина на маркетот „Арди“ во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од припадници на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во инцидентот било употребено огнено и ладно оружје, а како последица на тоа едно лице се здобило со животно-загрозувачки повреди и починало, а на друго лице му била нанесена убодна рана од нож”, информираат од обвинителството.

Во тек на увидот, по наредба на јавен обвинител обезбедени се трагите од лице место и пронајденото ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе даде потребни податоци и докази за натамошниот тек на кривичната постапка. Издадена е и наредба за вршење обдукција на починатото лице.

Во моментов деветмина учесници во вооружената престрелка се лишени од слобода. Постои сомнение дека во кривично-правниот настан учествувале уште неколку лица. Во насока на утврдување на фактите во предметот, јавниот обвинител во континуитет презема дејствија.​

Спонзорирано: