4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Масовна тепачка со ножеви: Нови детали познати за убиството во Диво Насеље

Тепачка меѓу две семејства во Куманово заврши трагично. Според информациите на полицијата, вчера околу 18:30 часот во полициска станица било пријавено дека на улица Тоде Мендол во Диво Насеље, по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства, и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје.

При тоа, В.М. бил ранет и прво бил пренесен во Ургентен центар во Куманово, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде што починал. М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети.

Според информациите на МВР, Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде што е задржан за понатамошна постапка.

Во соработка со Јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.