11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следи невообичаено топло време и температури над просекот

Од УХМР најавуваат период на топло време и температури над просекот за овој период од годината. Топлото време е резултат на јужното воздушно струење, а ќе биде особено изразено кон средината на следната недела.

Како што информираат од УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утрe во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд, а брзината на ветрот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигне до 60 километри на час.

Од сабота повторно се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата да опаѓа.