11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Бутел ќе се вмрежува со општини од Србија

Градоначалникот на Општина, Бутел Велимир Смилевски потпиша меморнадум за унапредување на соработката и вмрежување на градови и општини од Србија и Македонија.

Меморандумот заедно со останатите градоначалници го потпиша на меѓународниот форум ,,Партнерство и изградба на капацитетите до одржлив развој,, кој се одржа во Скопје на 25 и 26 октомври.

На првиот ден беше претставен проектот и ИПА програмата за ,,Прекугранична соработка на Србија и Македонија 2016-2020. Беа претставени општините од Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Србија и Северозападниот и Скопскиот регион во Македонија.

На меѓународната конференција беше претставена и програмата ,,Учиме од соседите,, со презентација на примери на добри практики од соседните програми: Србија-Бугарија, Македонија- Бугарија и Македонија – Грција.

Спонзорирано: