20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Најмалку осум луѓе убиени по престрелката во синагога во Питсбург

Уапсен е вооружениот напаѓач кој изврши напад во синагога во американскиот град Питсбург во Пенсилванија, пренесе „Раша тудеј“. Најмалку осум луѓе се убиени, а тројца полицајци се повредени во огнената престрелка со напаѓачот. Бројот на убиени се уште не е официјално потврден. А како што се наведува во медиумите, напаѓачот бил ранет за време на престрелката со полицијата, која го опкружила.

Според информациите од полицијата, напаѓачот рекол дека сите овие Евреи треба да умрат и дека не сакал ниту еден од нив да остане жив пред тој да биде уапсен.

Од оружје, напаѓачот имал АР-15 и глок пиштол. Дополнително оружје било најдено прикачено на глуждот на напаѓачот, како и пиштол на неговиот појас. Специјалци извршиле проверка на синагогата, откако имаше информации за експлозивна направа.

Ианку, во синагогата, имало голем број верници кога почнал нападот.

По нападот се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача на граѓаните да останат смирени во своите домови и дека ова насилство и омраза во САД мора де се спречи.