17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрискиот канцелар ги отвори вратите за граѓаните, многумина од нив сакаа само да сликаат со него

За време на денешниот прием, кога вратите од кабинетот на австрискиот канцелар беа отворени за граѓните, многумина од нив сакаа само да се сликаат со него, забележуваат тамошните медиуми.

Денеска вратите на институциите во Австрија беа отворени за граѓаните по повод државниот празник, а заинтересираните граѓани имаа можност да се сретнат со канцеларот Себастијан Курц и да поразговраат со него.

Пред седиштето на Владата имаше дол ред на граѓани кои чекаа да влезат во кабинетот на канцеларот, а некои од нив како што пишуваат медиумите чекале и по повеќе од еден час.