10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Апсења за бруталното убиство на полицајците

Полицијата на Република Српска уапси неколку лица поради можноста за нивна поврзаност со убиството на двајцата полицајци во сараевската населбата Алипашино Поље.

Тамошните медиуми потсетуваат дека полицајците од Сараево, Адис Шеховиќ и Давор Вујиновиќ, биле брутално убиени во утринските часови додека вршеле редовни полициски активности во населбата Алипашино Поље.

Двојното убиство се случи во петокот наутро, околу 4 часот, кога крадците на автомобили пукале во полицијата. Еден од полицајците животот го загубил на самото место, а другиот бил со сериозни повреди. По неколкучасовната борба за живот, тој им подлегнал на тешки повреди на главата во болницата во која бил пренесен на лекување.

Нападот врз полициските службеници го извршија членови на криминална група која се обиде да украде автомобил. Тие пукале со автоматска пушка, соопштија тамошните надлежни органи. Според медиумите во регионот, станувало збор за двајца полицајци кои биле со долгогодишно работно искуство.

Спонзорирано: