21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Старец украл 400 килограми грозје во Хрватска

Полицијата во Дубровник осомничи 69-годишник за кражба на 400 кг грозје од автохтоната хрватска сорта „плавац мали“ на Пелешец и против него поднесе кривична пријава.

Кражбата на 400 килограми грозје во полицијата на Стон беше пријавена кон крајот на септември од страна на 39-годишниот сопственик на лозови насади.

По извршувањето на кривичната истрага, 69-годишникот е осомничен дека го набрал споменатото грозје на 24 септември утрото ангажирајќи уште двајца луѓе, а потоа го однел да се преработи во вино.

„Поради сомневање дека сторил кривично дело кражба, полицијата против осомничениот 69-годишник поднесе кривична пријава“, објави полицијата од Дубровник.

Спонзорирано: