16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ издала 3,1 милиони визи за нови резиденти минатата година

Европската Унија издала речиси 3,1 милиони дозволи за живеење во 2017, соопшти бирото за статистика на ЕУ.

Според Евростат, бројот на нови дозволи пораснал 4 проценти, односно 112.000 во 2017 за разлика од 2016.

„Вработувањето се јавува како причина за една третина, односно 32 отсто од дозволите што се издадени во 2017, а по нив следуваат семејните причини со 26 отсто, образование со 17 отсто и други причини, во кои спаѓа и меѓународната заштита со 24 отрсто“, велат од статистичкото биро.

Повеќето нови резиденти дошле од Украина (662.000 лица), Сирија (223.000) и Кина (193.000). Меѓу најпопуларните земји за новите резитенти се јавуваат Полска, Германија и Британија.

Полска ја избрале главно лица што не се жители на ЕУ поради вработување, а Британија поради образование.

Меѓу Украинците главна причина за дозвола за живеење била вработувањето, меѓу Кинезите образованието, додека, пак, Сиријците со статус на бегалци главно аплицирале за азил.