19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Има неопходно мнозинство за ратификација на договорот од Преспа, тврди генералниот секретар на СИРИЗА

Во актуелниот состав на грчкиот парламент постои неопходното мнозинство за ратификација на договорот од Преспа, односно за промена на името на Македонија во Република Северна Македонија.

Ова го изјави поранешниот министер и генерален секретар на владејачката партија СИРИЗА, Панос Скоурелитс, во интервју за грчката телевизија „Алфа“.

Скоурлетис објаснува дека преспанскиот договор и зачувувањето на актуелната грчка влада се две прашања што меѓусебно не се поврзани.

Според него, во грчкиот парламент го има потребното мнозинство неопходно за одобрување на преспанскиот договор, но исто така во сегашниот состав на парламентот постои и мнозинство што оневозможува загрозување на мандатот на грчката влада на чело со Ципрас.

На прашањето кога преспанскиот договор ќе биде на дневен ред во грчкиот парламент, Скоурлетис одговори дека тоа зависи од тоа кога Скопје ќе ги заврши своите обврски што произлегуваат од договорот.

Генералниот секретар на владејачката СИРИЗА заклучува дека и покрај несогласувањето што го изразува коалицискиот партнер Панос Каменос, властите во Атина ќе го надминат овој проблем.