26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во тек е евакуација на простории на Си-ен-ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк

Откако денес беа пресретнати сомнителни пакети со експлозивни направи испратени до Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми објавија дека во се тек евакуации на седиштето на Си-ен-ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк.

Репортер на Си-ен-ен на Твитер напишал дека просториите на таа медиумска куќа се евакуираат, објави „Ројтерс“.

Британската агенција повикувајќи се на Си-ен-ен, информира дека евакуација е во тек и во Тајм Ворнер центарот, кој го чинат два мултифункционални облакодера, наводно поради сомнителна направа.