26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германец осуден поради ставање отров во храна за бебиња

Маж на возраст од 54 години е осуден во Германија на 12 и пол години затвор поради обид за убиство бидејќи ставал отров во храна за бебиња и возрасни.

Обвинетиот признал дека на полици во супермаркети и мали продавници во градот Фридрихсхафен минатата година ставал тегли со отровна храна и им ги нудел на потрошувачите, пренесе Би-би-си.

Теглите со храна содржеле доволно количество на етилен гликол, токсична течност без мирис, што можело да убие дете, открија обвинителите.

Само поради среќа и добра полициска работа ниту едно дете не било повредено во овој злосторнички акт, рече главниот обвинител.