26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа ги нарече подли обидите за напад врз Обама и Клинтон

Белата куќа денеска ги осуди сомнителните пратки испратени на адреса на Барак Обама и Бил и Хилари Клинтон нарекувајќи ги подли обиди за напад и застрашувачки дела, и предупреди дека одговорните ќе сносат одговорност.

„Тајната служба и други агенции одговорни за спроведување на законот ги испитуваат настаните и ќе ги преземат сите соодветни мерки за заштита на сите на кои им се закануваат вакви кукавици“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, пренесе агенцијата АП.

Тајната служба на САД во меѓувреме објави дека нејзините агенти пресретнале пакети со можни експлозивни направи испратени до Хилари и Бил Кинтон и Барак Обама.

Сепак, не беше соопштено дали Клинтонови и Обама ги примиле пакетите.

Неименуван американски претставник за АП изјави дека иследниците веруваат оти направата испратена до домот на Клинтон во предградие на Њујорк е поврзана со уред пронајден во понеделникот во комплекс на милијардерот Џорџ Сорос.

Си-ен-ен објави дека пресретнат бил и сомнителниот пакет испратен во Белата куќа.

По денешните сомнителни пакети со експлозивни направи адресирани до Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми објавија дека во тек се евакуации на простории на Си-ен-ен и Тајмс Ворнер центарот во Њујорк.