26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција и ЕУ ќе одржат средба за политички дијалог

Турција и Европската Унија ќе одржат средба за политички дијалог, соопштува турското МНР.

Во своето соопштение Министерството објави дека на дневен ред ќе се најдат прашањата за процесот за преговори со ЕУ, визната либерализација, трговијата….

„Исто така, на средбата ќе се разговара и за регионални и меѓународни прашања, особено за Сирија, Ирак и Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

За време на средбата, турската делегација ќе биде предводена од заменик-министерот за надворешни работи и амбасадор за европски прашања, Фарук Кајмакчи, додека, пак, европската делегација ќе ја предводи заменик-генералниот секретар Жан Кристиф Белиард и генералниот директор за проширување при Европската комисија, Кристијан Даниелсон.