26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската полиција доби дозвола да го пребара бунарот во саудискиот конзулат

Саудиските власти ѝ дадоа дозвола на турската полиција да изврши увид во бунарот во градината на резиденцијата на генералниот конзулат на земјата во Истанбул како дел од истрагата за убиството на опозицискиот новинар Џамал Кашоги, објави НТВ во средата.

Претходно, турските медиуми објавија дека саудискиот конзулат ѝ забранил на турската полиција да изврши увид во бунарот за време на претресот на дипломатската мисија и на резиденцијата на генералниот конзул.

Во вторникот лидерот на турската Патриотска партија (ВАТАН), Догу Перинџек, изјави за „Спутник“ дека телото на убиениот новинар било пронајдено во бунар во резиденцијата на генералниот конзул во Саудиска Арабија во Истанбул.

Кашоги последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври. Саудиска Арабија во петокот изјави дека новинарот бил убиен во конзулатот.

Ријад уапси 18 лица поради нивната вмешаност во инцидентот, а најмалку пет саудиски службеници се отпуштени.