8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија набргу ќе биде отстранета од листата на високоризични земји, тврди Кајл Скот

Американскиот амбасадор Кајл Скот верува дека Србија набргу ќе биде отстранета од црната листа на ФАТФ-земјите кои имаат недостатоци во борбата против тероризмот и перењето пари.

„Гледаме дека Србија постигна голем напредок во однос на регулативата и законодавството“, рече Скот.

Тој додаде дека сега станува збор за спроведување на овие регулативи во пракса одговарајќи на прашања, а во врска со пишувањето на медиумите дека Србија сè уште е на црната листа на ФАТФ.

Американскиот амбасадор додаде дека верува оти набргу Србија нема да биде на таа листа.

ФАТФ е тело што се бори против перењето пари, финансирањето тероризам и организираниот криминал, а за своите резултати ги известува членките на Г20 (најразвиените земји во светот) и Европската комисија.

Една од највлијателните земји во оваа организација се САД и нивниот глас може да биде одлучувачки за ставање или отстранување од листата.

Спонзорирано: