17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
БИЗНИС

Билет за автобус се плаќа со искористени платстични шишиња

Самата помисла на можност пластичните шишиња да се менуваат за билет во јавниот превоз звучи одлично. Уште подобро е што во некои градови ваквата можност е всушност реалност.

Во Пекинг има посебни автомати во метрото кои прифаќаат пластични шишиња како начин за плаќање билет.

Билетите за автобус во некои градови во Индонезија може да се платат со пластични шишиња. Во Сурабаја добивате два часа возење со автобус како награда за рециклирање шишиња.

Жителите на Истанбул може да разменат пластичен отпад за кредит на картичката за метро или некоја друга форма на јавен превоз.

Во Сиднеј, исто така, има машини за рециклирање пластични шишиња, а по вметнување на пластика во апаратот, луѓето за возврат добиваат билети за автобус или за во кино.

Иако многумина предупредуваат дека ваквите мерки може да доведат до зголемување на набавката на пијалаци во пластични шишиња, експертите сметаат дека ваква опасност нема, со оглед на тоа што луѓето и така купуваат големи количини сокови и вода, па затоа подобро е да се поттикнат на рециклирање, отколку пластичните шишиња да завршат во природа.

Спонзорирано: