3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски и официјално побара амнестија: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за сите учесници од настаните во Собранието на 27-ми април. Во 40 минутниот говор, тој порача дека на тој начин ќе нема селективна правда.

„Донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници од 27 април, за да нема селективна правда и да има слобода за сите, а не само за оние кои вас ви слугуваат. Дел од структурите кои се опфатени со прогонот на власта, решија да одиграат валкана работа за оваа власт. Мене ме обвинуваа дека се борам и барам амнестија, а сега кога тие тоа го предлагаат било простување, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дел од пратениците кои гласале за уставните измени потклекнале, бидејќи барајќи ја личната слобода, го разочарале народот. Тој им се обрати на членовите кои во петокот ја изневерија партијата и гласаа за менување на Уставот, велејќи дека пеколно го заболело тоа што своите сопартијци ги видел со свиткана кичма.

„Не заболе пеколно што ве видовме со свиткана кичма, не подвитлана како на Заев оти тој нема кичма, туку свиткана. Не издражавте иако знаевте дека со удбашки методи СЈО монтира случаи за вас, иако знаевте дека обвинетите од 27 април се апсолутно невини. Ме изневеривте, ја изневеривте ВМРО -ДПМНЕ и ја изневеривте татковината“, рече лидерот Мицкоски

Спонзорирано: