3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Каде е Никола Груевски?

Во целиот овој хаос во опозициската ВМРО ДПМНЕ, кога разрешени и избркани од партијата беа некогаш високите функционери Сашо Мијалков, Митко Јанчев и Никола Тодоров го нема Никола Груевски.

Многумина на социјалните мрежи си го поставуваат прашањето каде е некогашниот најмоќен човек во државата и екс-премиер Никола Груевски.

До овој момент, по проверките на тимот на Centar.mk, на социјалните мрежи Груевски немал свое обраќање ниту за денешниот празник – Денот на револуционерната борба, кој ВМРО ДПМНЕ за време на владеењето си го имаше присвоено како партиски.

Последното негово обраќање е на 15-ти октомври, каде реплицира на прес конференција на СДСМ, а во последниот месец имаше неколку долги обраќања, од кои најмногу внимание привлече обраќањето на Никола Груевски на 7 октомври во 3 часот и 30 минути по полноќ, во кое главната порака му беше дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде уценето. Ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија.

 

ВМРО ДПМНЕ: Почесниот претседател Груевски останува во партијата, немаме сознанија дека учествувал во двотретинското мнозинство

Немам сознанија дека почесниот претседател, Никола Груевски учествувал во обезбедувањето на дво-третинското мнозинство и дејствувал во оваа насока, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на Централниот комитет, одговарајќи на новинарско прашање дали и екс-премиерот ќе биде исклучен од партијата.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за разрешување од функцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев поради однесување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Николоски рече дека Јанчев соработувал со Зоран Заев и организирал група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО ДПМНЕ, со цел да гласаат за уставните измени, при што биле користени најниски методи. Рарешен е и и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.

Централното раководство на партијата одлучи за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров да предложи исклучување од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници.

 

Вечерва многу работи ќе станат појасни

Вечерва во МНТ, ВМРО – ДПМНЕ најавува свечено одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

На прославата речиси сигурно е дека нема да бидат поканети Сашо Мијалков, Митко Јанчев и Никола Тодоров, но евентуалното присуство на Никола Груевски ќе даде појасна слика околу тоа со каква поддршка располага Мицкоски.

Од партијата известија дека на одбележувањето ќе говори Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Спонзорирано: