20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сè повеќе бебиња без раце во Франција, лекарите ги истражуваат причините

Француската влада отвори нова истрага за деца родени без раце во повеќе државни департмани, обидувајќи се да ја дознае причината за таа деформација.

Во истрагата ќе учествуваат лекари специјалисти за животна средина, најавија надлежните во француската влада.

Во Ена се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 година, во Атлантска Лоара три во 2007 и во 2008 година, четири во покраината Бретања од 2011 до 2013 година. Овие случаи беа регистрирани на релативно мала област и предизвикаа загриженост во овие области.

Причините можат да бидат генетски или случаите се резултат на изложеност на токсични материи во исхраната, животната средина или лековите. Така, „талидомидите”, седативи и аналгетици, кои се пропишувани на бремени жени помеѓу 1957 и 1962 година, според експертите, се виновни за раѓањето на илјадници деца без раце.

Французите стравуваат дека некои лекови може повторно да бидат одговорни за нови случаи, објавија медиумите.

Спонзорирано: