3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали знаевте дека се одговара и за навредливи фејсбук статуси? – На овој човек од Македонија животот повеќе нема да му биде ист

Македонската полиција превзема акција за навредите и загрозувањето на сигурноста на пратениците во Собранието.

Според информациите на полицијата, СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривична пријава против 38- годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради споделена објава-коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти полицијата.

Полицијата уште информира дека по претходно издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21 октомври годинава извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, а до грашаните упатија апел доколку се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица, велат од македонската полиција.

Спонзорирано: