19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драма во скопскиот суд на судењето за црниот четврток: Обвинет стана и даде поддршка на пратениците кои гласаа ЗА уставни измени

Денеска продолжува судењето за црниот 27 април.

Судењата добија еден поинаков тек, откако дел од пратениците осомничени за отворање на вратите на црниот четврток ги отворија и портите на Македонија кон НАТО преку гласањето за Уставните измени, па така на почетокот на рочиштето за “27 април” обвинетиот Вилијам Михајловски побара збор од судијката Добрила Кацарска, по што рече: “Сакам да им изразам поддршка на храбрите пратеници…”.

Сепак, судијката го прекина, коментирајќи дека мислела дека ќе каже нешто друго и го опомена.

Инаку по неуспешниот обид на обвиетиот да се заблагодари на пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, судењето продолжи со прикажување на снимки од пеењето на химната на пратеникот Мукоски.

Спонзорирано: