20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Милошоски со неочекуван потег: Познат неговиот став по најновите случувања во ДПМНЕ

И покрај несогласувањата кои тлееја во ВМРО ДПМНЕ, денеска со фејсбук статус за поддршка на Христијан Мицковски, инаку актуелен лидер на ВМРО ДПМНЕ излезе и пратеникот Антонио Милошоски, кој меѓу другото порача дека драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори.

Милошоски во пораката уште и вели: „Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите. Со тој став ја заслужи мојата поддршката и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Република Македонија“.

Според извори од членството вечерва во ВМРО ДПМНЕ треба да се оддржи централен комитет на кој ќе се расправа околу актуелните состојби, а најмалку лесно ќе му биде на Мицкоски, коментираат членови на опозициската партија на социјалните мрежи.