9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мирјана Најчевска ги “поби” сите лаги на антизападниот дел од опозицијата: Со една реченица паднаа во вода сите тврдења на антизападното крило во ВМРО ДПМНЕ

– Мислам дека е редно за одредени професии да се прави тест на елементарна интелигенција.
Навистина не знам како одредени луѓе завршуваат факултет и магистрираат и докторираат. Тоа е посебна тема.
Меѓутоа не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори, напиша професорката Мирјана Најчевска вклучувајќи се во нелогичната дебата наметната од професори блиски до антизападното крило на ВМРО ДПМНЕ кои залудно тврдеа дека двотретинско мнозинство е 81, а не 80 од 120 пратеника.

– Значи има неколку вида мнозинство со кое се донесува одредена одлука.

Еве, апсолутно мнозинство од 120 е 61 (кога вкупниот број е 120). Ако е 60 не е мнозинство нели туку е еднакво или пата -пата. За да стане мнозинство треба на едната страна да има барем еден човек повеќе, а на другата барем еден помалку од 60 како бројка на еднаквост.

Просто мнозинство е мнозинство од присутните. На седница биле присутни 90 и мнозинство би било 46.

Двотретинско мнозинство секогаш се пресметува од вкупниот број. Значи не две третини од присутните туку од сите 120 пратеници. Двотретинско мнозинство од 120 е кога две третини од тие 120 или 80 души се на една страна а 40 на друга. Нели 80 е повеќе од 40 и заради тоа е мнозинство, а во исто време 80 претставува две третини од 120 и затоа е двотретинско.
, напиша професорката Најчевска на својот фејсбук профил.

– И јас навистина мислам дека мојот универзитет треба да размисли за воведување на тестови за интелигенција, додаде професорката Најчевска.

Спонзорирано: