17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Честитки од Бејли: Пратениците покажаа храброст и лидерство

По гласањето за уставните измени во Собранието, честитки до пратениците упати американскиот амбасадор Џес Бејли, кој ги пофали дека синоќа покажале храброст и лидерство.

„Честитки до македонското Собрание за гласањето за иницирање уставни измени, во согласност со преспанскиот договор. Пратениците покажаа храброст и лидерство, обединувајќи се за да обезбедат место на Македонија во НАТО и ЕУ“, напиша Бејли на неговиот профил на „Фејсбук“.