5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Беса: Мнозинството е можност да се интервенира за зајакнување на правата на Албанците

Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија. Вака БЕСА на Биљал Касами го коментира вчерашното гласање за уставните измени во Собранието.

„Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници“, наведува БЕСА во соопштението.

Сега е можноста, смета БЕСА на Касами, да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.