11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еди Рама: Благословена да е новородената армија на Косово

Албанскиот премиер, Еди Рама, го поздрави гласањето во парламентот во Приштина, со што беше дадено зелено светло за трансформација на Косовските безбедносни сили во армија, забележува весникот „Газета еекспрес“.

„Слава им на сите косовски маченици и благословена да е новородената армија на Република Косово“, напиша Рама на социјалната мрежа „Твитер“.

Гласањето беше бојкотирано од српските пратеници во парламентот на Приштина, потсетува весникот.