22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АХВ домаќин на седмиот состанок на постојана експертска работна група на Југоисточна Европа за болеста на јазлеста кожа

Под покровителство на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните вчера и денеска во Охрид Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на седмиот состанок на Постојана експертска работна група на Југоисточна Европа за болеста на јазлеста кожа.

На состанокот присуствува високи претставници од Европската комисија, од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна, претставници од Светска организација за здравствена заштита на животните, Европска агенција за безбедност на храна, како и високи претставници од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, EU FMD, Европската референтна лабораторија, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во својство на Национална референтна лабораторија за болеста на јазлеста кожа, наведуваат од АХВ.

Во експертската работна група учествуваа претставници од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Република Македонија и Турција.

Состанокот го отвори директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, а на самото отворање директорот на АХВ ја истакна важноста на работата на Постојана експертска работна група на Југоисточна Европа за болеста на јазлеста кожа, како основа за размена на информации за состојбата со болеста во насока на реализација на Стратегијата за нејзино надминување.

„Во Република Македонија, како и во регионот болеста јазлеста кожа се појави и се ширеше агресивно, како што е и самата природа на болеста. Се појави речиси на целата територија на државата. Справувањето со неа вклучи големи човечки, материјали, финансиски ресурси. Секоја од ветеринарни служби беше соочена со големи предизвици во однос на надминување и справување со последиците од болеста. Таа во Република Македонија се дојде од две страни, во речиси еднаков интензитет, поточно од Грција и од Бугарија. Што се однесува до појавата на болеста, клучна улога имаа временските услови, кои беа погодни за векторите“, изјави директорот во обраќањето.

Во исто време, објасни тој, земјата се соочуваше со бегалската криза на граничните премини, а тоа дополнително ја отежни достапноста на полициските и армиските структури кои беа вклучени во справувањето со болеста.