14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќето Данци задоволни од членството во ЕУ, ќе гласаат против напуштање на Унијата

Истражувањето спроведено во име на Европскиот парламент покажа дека повеќето Данци се задоволни од членството на нивната земја во ЕУ- 75 отсто сметаат дека членството на Данска во Унијата е добра работа, додека само 6 отсто сметаат дека тоа е лоша работа, 84 отсто изјавиле дека членството во ЕУ во принцип е предност за Данска, пренесува „Локал“.

Податоците се резултат на анкетата на „Евробарометар“ на 27.474 граѓани на ЕУ – околу 1 000 луѓе по земја членка..

Според анкетата, повеќе државјани на земјите членки од кога било во последните 25 години моментално ја гледаат ЕУ како добра работа за нивната земја. И покрај очигледниот севкупен позитивен став, 50 отсто од сите испитаници во истражувањето рекле дека не се задоволни од актуелната насока на политичката и економска унија.

Во Данска, 43 отсто сметаат дека ЕУ треба да има поинаква насока. Сепак, тоа не значи дека Данците сакаат да го следат патот на Обединетото Кралство и да ја напуштат ЕУ. Речиси 77 отсто би гласале за останување во ЕУ на хипотетички референдум за членството во ЕУ, покажа истражувањето, 14 отсто рекле дека ќе гласаат за излез од Унијата, а 9 отсто одговориле дека не знаат.

Поголем дел од луѓето во Данска отколку од другите земји членки ќе гласаат на следните парламентарни избори во ЕУ, покажа истражувањето. Речиси 76 отсто од Данците со право на глас изјавиле дека ќе гласаат на следните парламентарни избори на ЕУ на 26 мај 2019 година, што е највисока бројка во која било земја членка. Само 56,3 отсто од Данците гласаа на последните парламентарни избори во ЕУ во 2014 година.

Спонзорирано: