14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Осомничениот за убиството во Мала Речица ќе одговара за три кривични дела

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. од тетовска Мала Речица кој ја застрела сопругата, по што побегна.

Како што информира полицијата, тој сторил три кривични дела: „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Осомничениот делата ги извршил во неделата во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил својата сопруга Х.К.(52) и се обидел да го убие Р.Џ.(50) од Мала Речица. Педесет и тригодишниот А.К. денеска е биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Осомничениот е уапсен вчера доцна попладнево, во тетовското село Гајре, а кај него се пронајдени и одземени пиштол и ловечка пушка.

53-годишниот маж е осомничен дека синоќа околу 22 часот ја застрелал својата сопруга, додека била на гости кај нејзините родители во Мала Речица, а при излегувањето од куќата пукал и кон таксист, кого не го погодил.

Спонзорирано: