13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пешак се здобил со тешки повреди во сообраќајка

Пешак завршил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера напладне во селото Мала Речица, тетовско.

Полицијата соопшти дека до несреќата дошло помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од Тетово и патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(41) од Тетово, по што удриле во пешакот Ш.И.(79) од село Мала Речица.

Пешакот бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Спонзорирано: