15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон изврши реконструкција на Владата

Францускиот претседател Емануел Макрон ја реконтруираше Владата, именувајќи го шефот на својата владеачка партија, Кристоф Кастане, на местото министер за внатрешни работи, додека министрите за финансии и надворешни работи останаа на своите позиции.

Со реконструкцијата на кабинетот, Макрон се обидува да ја зацврсти својата администрација, по низата оставки и да ги зајакне реформските напори, кои покажаа знаци на ослабување.

Францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер, кој ги предводи напорите на Макрон во неговата цел за реформирање на еврозоната, како и шефот на дипломатијата Жан Ив ле Дријан, ги задржаа своите позиции.

Елисејската палата соопшти дека Кристоф Кастане, кој досега беше државен секретар задолжен за односи со парламентот, е нов министер за внатрешни работи, пренесуваат француските медиуми.

Спонзорирано: