8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

4та хуманитарна штафетна трка за поддршка на заболените од Вилсонова болест

Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон – Македонија, со финансиска помош од компанијата ОКТА, по четврт пат ја организира хуманитарната штафетна трка Подај рака 2018. Трката ќе се одржи на 21 октомври, недела, на кејот на реката Вардар, а собраните средства од котизацијата од учесниците во трката, ќе бидат искористени за одржување караван во повеќе градови низ Македонија, со цел поблиско запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано препознавање на болеста.

Долготрајната цел на Здружението Вилсон – Македонија е да се подигне свеста за Вилсоновата болест и да сепоттикне социјалната вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест.

Под мотото Подај рака, трката ќе биде штафетна и ќе се трчаат 4 пати по еден километар, со што симболично се упатува повик до граѓаните за поддршка на хуманата димензија на оваа спортско рекреативна активност.

Симболиката на штафетното трчање е да се покаже дека заеднички можеме да постигнеме повеќе. Симболиката на учеството на лица заболени од Вилсонова и од останати ретки болести е да се покаже дека со најголемиот број ретки болести може да се живее нормален живот, рамноправен со сите здрави луѓе, кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани. Не помалку важни во оваа трка се и лицата кај кои, најчесто како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици. Напротив, сакаме да го истакнеме нивното право да не бидат невидливи, туку да бидат рамноправно прифатени и интегрирани во општеството“, вели Маја Алексиевска Димиќ, претседател на Здружението.

Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што води до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Таложењето на бакарот се одвива постепено со години, пред појавата на првите симптоми. Затоа раното откривање на болеста е од пресудно значење за лицата кои носат генетска предиспозиција за тоа, но не се свесни дека се носители на болеста. Навремено откривање на болеста и редовна терапија, овозможуваат нормален живот за пациентите со Вилсонова болест.

За учество во трката нема старосни ограничувања. Цената за регистрација за штафетната тркаизнесува 150 денари по учесник. Пријавувањето за трката и повеќе детали во врска со активностите за учесниците и сите заинтересирани поддржувачи се достапни на следниотлинк

Спонзорирано: