10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност

Здружението ГАНИМЕД Битола започна да го имплементира проектот ТЕМА ЗА ДИЛЕМА кој се спроведува во рамки на проектот КРИТИНК – „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, кој е со финансиска поддршка од Европската Унија и во наредните три години ќе го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии – Евротинк.

Проектот ТЕМА ЗА ДИЛЕМА е предвидено да трае 6 месеци од 01 октомври 2018 до 31 март 2019, а медиумски партнер во овој проект е ТВ 21.
Целта на проектот е промовирање на медиумската писменост преку стимулирање на критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.

Реализацијата на проектот треба да придонесе за:
1. Поттикнување на култура на критичко размислување преку едукација на средношколците за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности кон кои се стреми нашето општество.
2. Пошироко медиумско описменување на средношколците надвор од формалното образование.
3. Воспоставување на одбележување на Неделата на медиумска писменост 5-9 ноември во средните училишта секоја година.
4. Зголемување на капацитетот на здружението и на медиумот вклучен во проектот за справување со медиумски манипулации преку подобрувањето на медиумската писменост во соработка со средните училишта. Во рамки на проектот се вклучени 7 средни училишта од Битола и тоа:
1. СОУГ Јосип Броз – Тито
2. СОУ Таки Даскало
3. СМОУ Д-р. Јован Калаузи
4. СОЕУ Јане Сандански
5. СОТУ Ѓорѓи Наумов
6. СОЗУ Кузман Шапкарев
7. ПСУ САБА Битола
Во изминатата недела Здружението потпиша договори за соработка со средните училишта во Битола, а следни активности за наредниот период се одржување на обуки за критичко размислување и медиумска писменост за секое училиште.

Развојот на критичната мисла кај средношколците е од особено значење, бидејќи на тој начин тие ќе станат коректори на актуелните состојби во општеството и ќе придонесат за негово подобрување.
Младите се секојдневно опкружени со лесно достапни информации во медиумите и на социјалните мрежи кои често пати не можат да ги препознаат како дезинформации, па токму затоа целта на проектот е средношколците преку неформална едукација да се едуцираат критички да размислуваат и со тоа да станат медиумски писмени. При реализирањето на проектот ќе се запази иклузивноста, односно родовата и етничката припадност на учесниците.
Спонзорирано: