17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најнова вест: Вечерва апсење во Гајре, според информациите полицијата го уапсила осомничениот убиец на својата сопруга

Вечерва во село Гајре е приведен А.К.(53) осомничен дека вчера во село Мала Речица со пиштол ја убил неговата сопруга Х.К.(52), дознава Centar.mk.

Лицето А.К, сопруг на убиената синоќа околу 22 часот и 30 минути ја убил својата сопруга во куќата на нејзината мајка, лоцирана во Мала Речица, тетовско.

 

ОЈО го истражува убиството

Инаку Основното јавно обвинителство Тетово го истражува убиството во Мала Речица.Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во тетовска Мала Речица, каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.

Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува, соопшти обвинителството.

Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трагаше се до вечерва.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење на траги и материјални докази пронајдени на лице место.

Спонзорирано: