9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЕР: Подготвени сме да ги сослушаме граѓанските здруженија за градежните активности на Водно

По бурните реакции на еколошките здруженија во врска со продолжението на градежните активности на Водно, од АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) објавуваат дека се отворени за разговор и дека ги повикуваат граѓанските здруженија на конструктивен разговор во наредните денови.

Од МЕР сметаат дека на овој начин ќе се разјаснат недоразбирањата и ќе бидат одговорени сите прашањата кои создаваат недоречености.

Оттаму претходно соопштија дека новата фаза на градежни активности на Водно во врска со магистралниот гасовод е стартувана од почетокот на неделава.

Од друга страна, активистите тврдат дека во понеделникот на Водно немало отпочнати градежни работи.

Иницијативата „Го сакам Водно“ наведува дека со претходните разговори со властите не била одредена официјална дата за отпочнување на градежните работи, но клучно било отстранување на сите недостатоци поради нерегуларности поврзани со обележување на теренот каде се копа, но и поради дозволите кои МЕР требало да ги обезбеди.

Како што велат оттаму, институциите остануваат глуви на сите аргументи, а Вондо и натаму се силува.

Спонзорирано: