25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во вторник ќе се одржи осмиот фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочнифигури“

Осмиот Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочнифигури“, којшто го организира Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје, ќе се одржи во вторник, на 16 октомври во кругот на училиштето, со почеток во 12 часот.

На Фестивалот учествуваат повеќе основни училишта, од земјава, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби, здруженија на граѓани, коишто ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Целта на фестивалот е, преку забава и креативна ангажираност, учесниците меѓусебно да се запознаат со што би се надминале сите видови различитости, соопштуваат организаторите.

Во соопштението се додава дека прифаќањето на децата со посебни образовни потреби од општата популација е движечката сила на самиот проект „Здрави навики преку здрава храна“, преку кој, пак, учениците се едуцираат за здарвата храна како и за хигиената и културата при исхраната. Најдобрите 3 училишта ќе добијат пригодни награди, велат организаторите и додаваат дека поводот за организирање на фестивалот „Сочнифигури“, е одбележување на Светскиот ден на храната (16 Октомври).
„Прославувањето на Светскиот ден на храната е со цел да се поттикне вниманието за земјоделско производство на храна и стимулирање на национални, билатерални, мултилатерални и невладини напори за остварување на оваа цел, да се поттикне учеството на руралното население, жените и најмалку привилегираните категории граѓани во одлуките и активностите кои влијаат врз нивните услови на живеење, да се зголеми јавната свест за проблемот на гладување во светот, да се промовира трансфер на технологии за развој, да се зајакне меѓународната и национална солидарност во борбата против гладта, неухранетоста и сиромаштијата и да се привлече внимание на достигнувањата кај храната и развојот на земјоделството. Со организирање на фестивалот, покрај целите на Светскиот ден на храната, се стремиме кон остварување и на следниве цели: едукација на децата за употреба на здравахрана, социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање од здравата популација и подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната“, се наведува во соопштението.