14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) ФАО: Намалување на загубата и отпадот од храна бара време и трпеливост

Според процената на ФАО, околу една третина од целата храна произведена на глобално ниво, за човечка исхрана, се губи или фрла секоја година.

Загубите и фрлањето на храната ги зголемуваат цените, ја намалуваат достапноста на храна богата со хранливи материи и го намалуваат приходот на малите земјоделци, кои се главни производители на храна. Исто така, ова придонесува кон емисиите на стакленички гасови и негативните ефекти од климатските промени, наведуваа од организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации.

„Во Европа и Централна Азија, особено во земјите кои не се членки на Европската унија, загубите и фрлањето на храна претставува огромен, постојан и комплициран проблем, кој се однесува на сите чинители во вредносните синџири за исхрана, политиките, економиите и пазарите, однесувањето на луѓето и културата, социјалните услови, технологијата, инфраструктурата и инвестициите, со посебна импликација врз природните ресурси и климатските промени. Адресирање на овој проблем е дел од глобалната иницијатива на ФАО – SAVE FOOD (ШТЕДЕТЕ ХРАНА) за намалување на загубите и отпадот од храна – која во Европа и Централна Азија ја координира Роберт ван Отердајк од ФАО“, се додава во соопштението.

Изразот „загуба на храна” се користи за загуби кои се случуваат во фазата по жетвата. Главните причини се несоодветно складирање, лоши капацитети за зачувување и преработка на храна (главно на лесно расипливи производи), несоодветно планирање на производството, како и лоши пазарни врски помеѓу добавувачите и купувачите, вели Роберт ван Отердајк.

Тој во своето последно интрвју додава дека во однос на загубите на храна што настануваат во малопродажбата, угостителството и на ниво на домаќинства, проблемите произлегуваат од ниската свест за влијанието на загубите на храна како резултат на небрежност. Проблеми, исто така, додава Отердајк, произлегуваат од економски причини – на пример, кога фрлањето на храна е поевтино од редистрибуцијата -како и од политиките за храна, законодавството и оданочувањето кои не придонесуваат за намалување на фрлањето на храна.

Според Отердајк имајќи предвид дека храната се фрла претежно во приватниот сектор и домаќинствата, само тие, вели тој, можат значително да ја намалат загубата и отпадот на храна. Сепак, јавниот сектор е тој што треба да создаде поттик и поволно опкружување (преку соодветна легислатива и инвестициска клима) за приватниот сектор да дејствува.

Спонзорирано: