15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да критикува изградба на зграда што тие ја одобриле

ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски го создадоа проблемот со изградбата на згради во општина Аеродром, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на денешната изјава на Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека градоначалникот Марин ставил потпис на проект што пред изборите го нарекол еколошка катастрофа.

Од СДСМ истакнуваат дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешниот градоначалник Ивица Коневски, го изгласиле и усвоиле спорниот детален урбанистички план.

„Спротивно на волјата и потребите на граѓаните, со тој план се предвидува уништување зеленило и никнување згради, карактеристично за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Советничката група на СДСМ во Советот веднаш се спротивстави на оваа одлука. Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да повикува на запирање на спроведување на ДУП И10, план што токму тие го донесоа ненајавено и без никаква јавна дебата“, се наведува во партиското соопштение.

Од владејачката пратија велат дека веќе се поднесени иницијативи до надлежните судски органи за спорниот ДУП и се работи на решение. Потсетуваат и дека градоначалникот на општина Аеродром денеска издаде решение за стопирање на градбата.

Спонзорирано: