3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров разговараше за референдумот со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот.

Како што информираат од МНР, Димитров го повторил историското значење на плебисцитот, кој, како што рекол, е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ. Воедно, министерот изразил благодарност за работата на Набљудувачката мисија.

Димитров изразил подготвеност државата да ја продолжи долгогодишната соработка со ОДИХР, особено во насока за подобрување на сите аспекти на Законот за референдумот и општо на изборниот систем.

Амбасадорот Петерсен се заблагодарил за соработката што ја остварила Набљудувачката мисија со Министерството за надворешни работи и со другите институции за реализирање на нивната мисија и ги пренел ставовите од прелиминарните наоди и заклучоци за процесот на референдумот.

Спонзорирано: