14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Напад со нож и ранети: Пресметка во кафе-бар во Драчево

Во текот на вчерашниот ден, околу еден час пред полноќ, во Полициската станица Драчево било пријавено дека во кафе-бар на улицата Иван Хаџи Николов имало пресметка во која учествувале повеќе лица, соопшти МВР.

„Во пресметката од едната страна биле лицата Р.Е. (23) и Т.А. (21), двајцата од село Батинци, а од другата бил сопственикот на кафе-барот, Д.С.“, информираат од МВР.

Во соопштението се наведува дека тешки телесни повреди добиле две лица, меѓу кои и сопственикот на кафе-барот, кој бил нападнат со нож. Двете повредени лица се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а сторителите се приведени и задржани во полициска станица, информираат од МВР.