17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кирацовски докажа дека е европски политичар: Поднесе тужба за клевета, а бара отштета од само 1 денар!

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски поднесе тужба за клевета против интернет портал од Охрид, за прв пат во историјата оваа тужба чини само 1 денар.

Кирацовски ја најави оваа тужба во интерес на вистината, а со цел да се стави крај на лажните вести кои стануваат се помасовна појава во нашето општество, а истата била поднесена по дадената можност за јавно извинување.

– Од денеска, постапката ќе се одвива пред наделжните институции, а во јавноста ќе биде соопштена само крајната пресуда од судскиот процес.

Судската постапка е единствениот начин да се извади на површина вистината и задната намера на изнесувачот на невистините, што впрочем е и целта на поднесувањето тужба. Како отштета, ќе побарам симболично само еден денар.

Потенцирам дека тужбата не е со намера некој финански да биде оштетен, ниту пак лично да се збогатам, туку најбитна ми е заштитата на личното достоинство и личниот интегритет.

Овој потег е единствениот начин да се стави крај на лажното новинарство и начин да се изостри разликата помеѓу професионалното новинарско известување и лажните вести, разликата помеѓу чесните професионални новинари и заканувачките самопрогласени „новинари“.

Покрај тужбата за навреда и клевета, дополнително најавувам дека како пратеник ќе ги преземам сите расположливи демократски механизми во борбата против лажните вести.

Професионалните и независни медиуми се клучна алка на едно демократско општество, какво што е Македонија. Затоа. како пратеник, но пред се како човек останувам посветен на унапредувањето на медиумските слободи, но и посветен во борбата против лажните вести и дезинформациите, кои штетат и на демократијата и на професионалното новинарство, се вели во дописот до медиумите кој го прати генреалниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.