14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Сонот е обединување со Албанија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека сонот на сите е национално обединување со Албанија.

„Зарем не е стратешка цел обединувањето со Албанија? Албанците ќе бидат заедно во евро-атланското семејство, во НАТО и ЕУ“, рече Тачи гостувајќи на ТВ „Дукаџини“, пренесе приштиснки „Телеграф“.

Според неговите зборови, идејата за корекција на границите не подразбира размена на територии и нема да разговара за размена, поделба или заедница на извршните надлежности.

Тачи тврди дека европската перспектива на Србија ќе ја принуди да ја прифати неговата идеја за корекција на границите. Тој рече дека нема проблем ни со промена на државното знаме во случај на обединување со таканаречената Прешевска Долина.

„Нема да нè мразат ако го промениме. Доколку ги припоиме Прешево, Медвеѓе и Бујановац, ќе го прилагодиме знамето“.

Спонзорирано: