22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер: Земјите од Западен Балкан да не очекуваат да станат членки на ЕУ пред 2025 година

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека земјите од Западен Балкан треба да постигнат поголем напредок пред да станат членки на ЕУ и тоа да не го очекуваат пред 2025 година.

Во говорот во австрискиот парламент во Виена, Јункер ги повика членките на ЕУ да го укинат правилото за едногласно одлучување и повеќе одлуки да носат со мнозинство гласови. Тој рече дека со тоа ќе се зајакне улогата на европскиот блок во светот.

Коментирајќи ги односите со Иран, Јункер рече дека Европејците треба да се држат до дадениот збор.

Тој додаде дека Брисел се придржува кон договорот со Иран за нуклеарната програма на таа земја и дека интензивните разговори со САД за ова прашање се во тек.

Јункер рече дека е фокусиран на постигнување договор со Велика Британија за брегзит и дека ситуацијата ќе биде „катастрофална” ако двете страни не постигнат договор.

Спонзорирано: