8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Германија никогаш не смее да го заборави холокаустот

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Ерусалим им оддаде почит на шест милиони Евреи убиени во холокаустот и рече дека Германија има одговорност да се спротивстави на антисемитизмот и никогаш да не заборави на холокаустот.

Со наведната глава во Музејот на холокаустот „Јад Вашем“, Меркел положи венец на камената плоча во која има пепел од жртвите во концентрациските логори.

„Пред 80 години, во ноќта на 9 ноември, Евреите во Германија доживеаја незамислива омраза и насилство. Ова беше проследено со злосторства против цивилизацијата и се случи шоа“, рече Меркел користејќи го хебрејскиот збор за холокаустот.

„Германија има постојана одговорност за одржување на споменот на овие злосторства и за борба против антисемитизмот, ксенофобијата, омразата и насилството“, рече германската канцеларка во својот говор во Јад Вашем.

Меркел во средата навечер пристигна на 24-часовна посета на Израел во рамките на годишната меѓувладина консултација меѓу германските и израелските министри, што беше запрена во почетокот на 2017 година поради германскиот протест во врска со продолжувањето на израелската изградба на населби во палестинските територии.

Спонзорирано: